🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Анализи за испитување на плодност кај двајцата партнери

Nipt New (blog Website) (2)

Што е стерилитет и кои анализи најчесто се испитуваат за испитување на фертилитет кај двајцата партнери?

Се почеста тема на дискусија станува стерилитетот или неможностa на паровите за остварување на потомство. Доколку после една година неуспех за остварување на резултат по природен пат (за повозрасни пациенти и помалку), пацентите треба да обратат кај својот гинеколог за совет. Гинеколозите препорачуваат процесот на репродукција да биде меѓу 19-25 година. Но одлуката за раѓање, паровите ја донесуваат се подоцна, во желбата за личен професионален развој и кариера. Со зголемувањето на возраста кај жената се намалува квалитетот на јајце-клетките, се намалува бројот на овулациите и се намалува оваријалната функција. Дополнително во последните години репродуктивната медицина ги намали и границите кои треба да ги задоволува машкиот фактор за остварување потомство на природен начин. Тоа е уште една потврда за глобалното намалување на квалитетот на семената течност и сперматозоидите. Несомнено влијание на истите има брзиот начин на живот, стресот, исхраната, годините и многу други фактори кои можат да влијаат на крајниот резултат.

Испитувањата кои треба да се прават за наоѓање на причината за неплодост зависат од стадиумот во кој се наоѓа двојката. Основните лабораториски анализи кои треба да ги направи женскиот парнер е испитување на хормонскиот статус, односно 6 основни хормони (FSH, LH, E2, PRL, TSH, TST). Овие пак, ќе му дадат насоки на гинекологот дали е потребно да се прават дополнителни лабораториски испитувања кај жената. Основната анализа која треба да ја направи машкиот партнер е спермограм.

Важно е да се напомене дека хормонскиот статус на жената се прави на 3 ден од менструалниот циклус во примерок од крв, додека примерокот од машкиот партнер се прави после 2-5 дена апстиненција од сексуални односи.

 

Испитување на женски хормони

  • FSH (фоликостимулирачки хормон) – го стимулира развојот на фоликули.

Доколку вредноста на овој хормон е висока, се препорачува да се испита и хормон АМН (антимулериан хормон) кој дава информација за оваријалната резерва кај жената.

  • LH (лутеинизирачки хормон) – заедно со FSH учествува во формирањето на фоликулите и процесот на овулација.
  • Е2 (естрадиол) – дава информација за квалитетот на менструалниот циклус.
  • PRL (пролактин) – учествува во созревањето на фоликулите и развојот на јаце клетките.
  • TSH (тиреостимулирачки хормон) – влијае на растот и развојот на секоја клетка во организмот и директо влијае на репродуктивната функција.
  • ТST (тестостерон) – ,,машкиот” хормон има важна улога во репродуктивниот систем кај жената.

 

АНТИ-МУЛЕРИАН ХОРМОН

  • Што претставува овој тест?

Кај жените, анти-мулериан хормон (скратено: АМХ) е произведен од гранулоза клетките на малите растечки фоликули. Со одредување  на неговата вредност во циркулацијата, може да се предвиди бројот на антрални и пре-антрални фоликули присутни во јајниците и истиот е независен од менструалниот циклус. Постои добар сооднос меѓу вредноста на АМХ во периферна крв, мерење на бројот на фоликули со вагинален ултразвук  и возраста на пациентката.

  • За што се користи овој тест?

Мерењето на АМХ се препорачува во различни состојби кај жените, како индикатор за природното намалување на оваријалната резерва. Во процесите на медицинско потпомогнато оплодување, мерењето на АМХ помага за одбирање на најсоодветна терапија за пациентот, со оптимизирање на контролирана оваријана стимулација избегнувајќи го и ризикот на хиперстимулација. Одредувањето на нивото на АМХ може да користи за мониторирање на оваријалната резерва кај млади девојки и жени кои на пример, имаат поминато гонадотоксичен третман на канцер. Кај жени со оваријални проблеми, мерењето на серумските нивоа на АМХ обезбедува подобра карактеризација за типот на оваријална дисфункција, особено хипергонадотропна ановулација асоцирана со оваријална инсуфициенција како на пример полицистичен оваријален синдром.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Не е потребна претходна подготовка за тестот. Хормонот не е зависен од менструалниот циклус.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено FSH, LH, Estradiol, PRL како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

ЕСТРАДИОЛ – E2

  • Што претставува овој тест?

Естрадиолот е хормон кој се секретира примарно од фоликулите во јајниците во текот на женскиот репродуктивен циклус и од плацентата во текот на бременоста. Во многу мал дел се секретира од адреналните жлезди, тестисите и со периферната конверија на андрогените.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

При суспектен стерилтет се одредува концентрацијата на естрадиол (скр. Е2), заедно со  оние на лутеинизирачкиот хормон (скр. LH), фоликуло-стимулирачкиот хормон (скр. FSH) и прогестеронот (скр. PRG). Квантитативните вредности на Е2 се корисни за евалуација и менаџмент на бројни сексуални нарушувања: пролонгиран или ран пубертет, нарушувања во менструалниот  циклус, менопауза, индуцирана овулација и гинекомастија.

При оваријална стимуалција за медицинска асистирана репродукција, вредностите на Е2 овозможуваат следење на зреењето на фоликулите. Вредностите на Е2, заедно со  LH и FSH се користи за потврда на дијагноза на менопауза.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Вредносите на естрадиолот варираат во текот на менструалниот циклус и значајно е да се наведе во кој ден од менструалниот циклус е земен примерокот. Внесот на храна не влијае на вредностите на Е2, но се препорачува примерок од крвта да се земе наутро.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено FSH, LH,  PRL, АМН како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

ФОЛИКУЛОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (FSH)

  • Што претставува овој тест?

Фоликуло-стимулорачкиот хормон (скратено FSH) е гликопротеин составен од два полипептидни ланци (алфа и бета) врзани со нековалентна врска. FSH се секретира на пулсативен начин од гонадотропните клетки на хипофизата, контролирни од хипоталамусот.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

Кај мажите, FSH делува на Сертолиевите клетки и ја стимулира продукцијата на андроген врзувачкиот протеин (АВР) и инхибинот.

Кај  жените со нормални менструални циклуси, FSH во синергија со LH го стимулира развојот на фоликули, зголемувајќи ја продукцијаta на стероиди и одредувајќи ја овулацијата. Во менопауза, со намалувањето на продукцијата на инхибин се забележува значајно зголемување на нивото на FSH.

Одредувањето на нивото на FSH, најчесто во корелација со LH е значаен параметар за испитување на репродуктивната функција.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Вредносите на FSH варираат во текот на менструалниот циклус и значајно е да се наведе во кој ден од менструалниот циклус е земен примерокот. Внесот на храна не влијае на вредностите на FSH, но се препорачува примерок од крвта да се земе наутро.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено E2, LH,  PRL, АМН како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

ЛУТЕИНИЗИРАЧКИ ХОРМОН- LH

  • Што претставува овој тест?

Лутеинизирачкиот хормон (скратено LH) е гликопротеин составен од два полипетидни ланци (афа и бета) врзани со нековалентни врски. LH се секретира на пулсативен начин од гонадотропните клетки на хипофизата, контролирни од хипоталамусот.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

LH ја стимулира продукцијата на стероидни хормони: тестостерон кај мажи и естрадиол кај жени. Кај жените кои имаат менструален циклус, LH во релација со FSH директно влијаат на развојот на фоликулите, зголемувајќи ја нивната стеродина функција и одредувајќи ја овулацијата. Во менопауза, нивото на естрадиол опаѓа нагло, резултирајќи со покачување на нивото на LH.

Нивото на LH, со или без комбинација со FSH е есенцијален покaзател за репродуктивната функција.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Вредносите на LH варираат во текот на менструалниот циклус и значајно е да се наведе во кој ден од менструалниот циклус е земен примерокот. Внесот на храна не влијае на вредностите на LH, но се препорачува примерок од крвта да се земе наутро.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено E2, FSH,  PRL, АМН како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

ПРОГЕСТЕРОН – PRG

  • Што претставува овој тест?

Прогестеронот (скратено PRG) е еден од главните стероидни хормони кои се излачуваат од јајниците. Неговата вредност го достигнува својот пик во лутеалната фаза и матката е тогаш спремна за имплантација на оплодената јајце клетка.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

 Во случај на суспектен стерилитет, повторувачки абортуси и ИНФ (инвитро фертилизација) протокол, одредувањето на нивото на PRG заедно со E2 (естрадиол), LH (лутеинизирачкиот хормон) и FSH (фоликулостимулирачкиот хормон) овозможуваат да се одреди датата на овулацијата како и квалитетот на лутеалната фаза. Прогестеронот помага во откривањето на оваријалната дисфункција. При суспектна ектопична бременост, се одредува комбинацијата на  PRG заедно со hCG.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Вредносите на PRG варираат во текот на менструалниот циклус и значајно е да се наведе во кој ден од менструалниот циклус е земен примерокот. Внесот на храна не влијае на вредностите на PRG, но се препорачува примерок од крвта да се земе наутро.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено E2, FSH,  PRL, LH како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

ПРОЛАКТИН PRL

  • Што претставува овој тест?

Пролактинот (скратено PRL) е хормон кој се синтетизира во аденохипофизата на пулсирачки начин, достигнувајќи највисоки вредности при спиење.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

Главната физиолошка улога на пролактин кај жените е иницијација и одржување на лактацијата. Пролактинот исто така учествува во созревањето на фоликулите и развојот на јајце клетките. Кај мажите, пролактинот влијае на гонадалната функција.

Хиперпролактемијата е причина за развој на стерилитет кај мажите и жените.

  • Каков примерок е потребен?

Потребно е земање на примерок крв од пациентот.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Многу фактори влијаат на секрецијата на пролактин. Егзогените фактори како физичка активност, стрес, исхрана и хипогликемија може да доведат до зголемување на нивото на пролактин.

Се препорачува да се земе на гладно, наутро. Кај пациентите со хронична терапија, да си продолжат со земање на истата.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено E2, FSH,  PRG, LH како и TSH.

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

 

Испитување на факторот на машка неплодност

Анализата за испитување на машкиот фактор е спермограм, што претставува анализа за количеството и квалитетот на семената течност ослободена за време на ејакулацијата.

СПЕРМОГРАМ

  • Што претставува овој тест?

Спермограм претставува анализа на количеството и квалитетот на семената течност ослободена за време на ејакулацијата. Често се користи при проценката на машката неплодност.

  • За што се користи овој тест и што значат резултатите добиени од овој тест?

Семената течност е вискозна, белузлава течност која содржи сперматозоиди и производи од неколку жлезди. Сперматозоидите се репродуктивни клетки во семената течност, кои имаат глава, врат и опашка и содржат по една копија од секој хромозом (сите гени на машки пол). Анализата на семената течност вклучува одредување на макроскопски испитувања (изглед, ликвефакција, pH, волумен, вискозност) и микроскопски карактеристики каде се одредува квантитаивното присуство и подвижноста на сперматозоидите како и морфолошките испитувања.

Испитувањата од овие резултати ги даваат првичните информации за машката неплодност.

Клиничката дијагноза не треба да се прави врз основа на еден резултат, туку треба да се интегрираат клиничките и лабораториските резултати.

  • Каков примерок е потребен?

Примерокот од семената течност се собира во чист стерилен сад со широк отвор. По земањето на примерокот потребно е истиот веднаш да се транспортира до лабораторијата за испитување. Спермата е многу чувствителна на температура. Примерокот треба да се чува на телесна температура (37ºC) со тоа што ќе се држи блиску до телото за време на транспортот. Не треба да се остава на собна температура подолг временски период и не треба да се лади.

  • Како да се подготвам пред тестот?

Препорачливо е земање на утрински примерок, без претходно конзумирање на храна и пијалоци со исклучок на вода. Потребно е да се прекине со терапија на литиум, антациди, диуретици или суплементи на витамин Д пред земање на примерок.

  • Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат и диференцјална крвна слика и јонизиран калиум. Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови

Цената на промотивниот пакет за испитување на неплодност кај двајцата партнери (женски репродуктивни хормони: FSH, LH, E2, PRL, TSH, TST; машки: спермограм) изнесува 4500 денари.

За повеќе информации за тестовите, препораки за анализи и консултации можете да закажете термин со специјалистот по медицинска биохемија.

Посветени на Вашето здравје, ГЕНЕА Лабораторија