Целиот наш ендокрин систем е составен од жлезди и хормони, кои комуницираат меѓу себе. Тој е еден од двата система кои помагаат да се координираат сите функции на нашето тело. Одржувањето на нивото на хормони со текот на времето и во различни ситуации, е важно и за нашиот опстанок и благосостојба.
Другиот критичен систем кој ги регулира функциите на нашето тело е нервниот систем. И ендокриниот и нервниот систем тесно соработуваат за да контролираат голем број важни функции: растот и развојот, метаболизамот, сексуалниот нагон и функција, процесите на репродукција, расположението и спиењето.
Хормоните се хемиски гласници на телото. Тие носат витални информации до клетките преку крвта. Влијаат само на одредени клетки или на целните клетки преку рецепторите. Тие се произведени од ендокрините жлезди и патуваат низ крвотокот до разни ткива и органи. Секој хормон има своја специфична цел, носејќи клучна порака до одредени делови од телото. Тестирањето на хормони е најдобриот начин да се утврди дали нивото на хормонот влијае негативно на вашето здравје.
Многу жлезди го сочинуваат ендокриниот систем. Хипоталамусот, хипофизата и епифизата се наоѓаат во нашиот мозок. Тироидната и паратироидната жлезда се наоѓаат во вратот. Тимусот е меѓу белите дробови, надбубрежните жлезди се наоѓаат на горниот дел од бубрезите, а панкреасот е позади стомакот. Јајниците (ако сте жена) или тестисите (ако сте маж) се во карличниот регион.
Тироидната жлезда игра голема улога во метаболизмот, растот и развојот на човековото тело. Тоа помага да се регулираат многу функции на телото со постојано ослободување на тироидни хормони во крвотокот. Сместена е во предниот дел на вратот ссо облик на пеперутка.
Функцијата на тироидната жлезда е да зема јод и да го претвори во тироидни хормони: тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Тироидните клетки се единствените клетки во телото кои можат да апсорбираат јод.
Територијата на Република Македонија се смета за подрачје со намалено количество на јод и затоа во 1999 год. во Р. Македонија е донесена законска регулатива според која прехранбената сол мора да биде јодирана со калиум јодат (20-30 mg јод на1kg сол).
Тироидната жлезда е под контрола на хипофизата, мала жлезда сместена во основата на мозокот. Кога нивото на тироидните хормони (Т3 и Т4) паѓа премногу ниско, хипофизата произведува тироиден стимулирачки хормон (TSH) кој ја стимулира тироидната жлезда да произведува повеќе хормони. Под влијание на TSH, тироидната жлезда ќе произведува и лачи Т3 и Т4 со што ќе го зголеми нивото на крвта.
Хормоните на тироидната жлезда ги регулираат виталните функции на телото, вклучувајќи: дишење, пулс, централен и периферен нервен систем, телесна тежина, јачина на мусклулите, менструални циклуси, температура на телотo, ниво на холестерол и уште многу повеќе.
Затоа што тироидните хормони делуваат на секоја клетка. Имаат клучна улога во метаболизмот, растот и развојот на човековото тело. Тироидната жлезда е сместена во предниот дел на вратот со облик на пеперутка, го врзува јодот и го претвора во тироидни хормони: тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Таа е под контрола на хипофизата, која го регулира излачувањето на тироидните хормони преку тиреостимулирачкиот хормон TSH и под хипоталамусот кој го регулира излачувањето на TSH преку тиреотропин ослободувачкиот хормон (TRH), се со цел одржување нормални количини на тироидни хормони во крвта.
Кога количеството на тироидни хормони во крвта се намалува, тогаш се зголемува TSH и обратно. Затоа и се очекува ниско TSH, високи тироидни хормони и обратно. Но секако дека во медицината постојат и исклучоци од ова правило.
Зголемени вредности на тироидните хормони Т3 и Т4 доведува до состојба наречена хипертиреоза, намалени вредности – хипотиреоза. Нормалната функција на тироидната жлезда се нарекува еутироза.
Постојат повеќе тестови за одредување на тироидниот статус. Основниот хормон кој се испитува е TSH (тиреостимулирачкиот хормон). Во зависност од состојбата докторот може да препорача дополнително да се испитаат Т4 (тироксин вкупен), fT4 (слободен тироксин), Т3 (тријодтиронин вкупен), fТ3 (слободен тријодтиронин), тироидни антитела (anti-TPO тироидни пероксидазни антитела и TGAb тиреоглобулин антитела).
За одредување на некои дијагнози потребно е да се направат дополнителни испитувања на параметри кои не се директно поврзани со тироидната жлезда и хормоните кои ја регулираат нејзината функција.
Во моментов во Генеа лабораторија е актуелен пакетот од тироидните хормони TSH, FT4, и antiTPO.
Повеќе информации околу другите анализи, поединечна анализа на хормони, процедура за земање примерок можат да најдат на линк до ценовник или со консултација со нашиот тим на 023 220 515 или 078 26 22 20.