🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Што се алергии! Симптоми, причини и дијагностика!

Tanja

Пишува Татјана Столеска – Попоска, дипломиран биолог

При контакт со алерген (како состојка на храна или инхалаторен), човечкото тело создава имуноглобулини од класата E, односно IgE антитела, како одбрана кон внесениот алерген. IgE антителото, кое се создало специфично за одредениот алерген, се врзува за мастоцитите, кои претставуваат ткивни леукоцити од гранулоцитната лоза богати со хистамински гранули.

Во следниот контакт со истиот алерген, IgE антителата врзани со мастоцитите го препознаваат и врзуваат алергенот, по што доаѓа до активација на мастоцитите и нивна дегранулација- ослободување на хистамин и други инфламаторни медијатори во околното ткиво.

Хистаминот и другите медијатори учествуваат во патогенезата на алергиските реакции со локални и системски ефекти, односно вазодилатација, мукозна секреција, нервна стимулација и контракција на мазната мускулатура. Во зависност од алергенот и засегнатотиот орган или ткиво, симптомите на алергија се многубројни.

Инхалаторните алергени најчесто предизвикуваат кивавица, чешање и зголемена секреција од носот, чешаше и зголемено солзење на очите, замор итн. Внесот на алергенот преку храната може да предизвика симптоми слични на астма, генерализиран осип, ангиоедем или гастроинтестинални симптоми како абдоминални болки и дијареа.

Симптомите на алергија најчесто се јавуваат после неколку минути од оброкот или контактот со храна, а во некои случаи можат да бидат и одложени и до неколку часа. Реакциите на инхалаторните алергени најчесто се јавуваат сезонски (на пример полен) или по подолг престој во затворен простор (прашина). Реакциите кон алергени од животни (куче и маче) се јавуваат во текот на целата година.

Кога е потребно да се направи алерготест!

Алергиските тестови се прават во периодите на појава на симптомите бидејќи можат да помогнат во идентификација на антигенот кој е одговорен за појавата на алергија.

Најчесто се користат два типа на дијагностички тестови за дијагноза на алергиските болести.

Тоа се традиционалниот кожeн prick test и алергенско тестирање преку крв.

Недостатоци на традиционалниот prick тест:

1. Се спроведува во in vivo услови,

2. Непријатен при спроведување (особено кај мали деца),

3. Опасност од анафилакса,

4. Контраиндициран при примена на антихистаминици, бета-блокатори и теофилин.

Тестовите за алергенско тестирање преку крв денес се повеќе се користат и го заменуваат традиционалниот prick test. Овие тестови го одредуваат присуството на специфичното IgE антитело кон одреден алерген преку примерок од крв.

Предности на алергенското тестирање преку крв:

1. Се спроведува во in vitro услови,

2. Пријатен за изведување,

3. Сигурен и безбеден за пацеинтот (нема контакт со алергените),

4. Испитување на голем број алергени од само еден примерок крв,

5. Нема контраиндикации кон лекови,

6. Голема сигурност во резултатот.

Во Генеа лабораторија се изведува високо иновативниот алергиски тест од крв AlleisaScreen® од светскиот лидер Mediwiss Analytic GmbH-Германија!

Овој полуквантитативен чип систем за детерминација на алерген-специфични IgE антитела е уникатно решение за 100% сигурен и точен резултат со помош на CCD blocking solution (0% лажно позитивни резултати).

Преку AlleisaScreen® тестот се испитуваат 3 алергиски панели, нутритивен, инхалаторен и педијатриски, секој со по 30 алергени.

Истите се опишани во наредната табела.

Нутритивен панелИнхалаторен панелПедијатриски панел
Позитивна контролаПозитивна контролаПозитивна контрола
ЛешнициDermatophagoides pteronyssinusDermatophagoides pteronyssinus
КикирикиDermatophagonides farinaеDermatophagonides farinaе
Пченкарно брашноAcarus Siro(житна грина)Полен (Бреза, евла, Леска)
БадемиБубашвабаМешани треви
СусамЕвлаАмброзија
Сончоглед (семки)БрезаПелин
Тиква (семки)ЛескаМачка
Соини зрнаБагремКуче
МлекоБукаAlternaria alternata (домашна мувла)
КазеинМаслинка(полен)Латекс
Белка од јајцеВрба-Lactoalbumin
Жолчка од јајцеТопола(полен)– Lactoalbumin
КомпирМешани тревиКазеин
Целер‘Рж(полен)Лактоферитин
МорковПелинМлеко
ДоматКоприваБелка од јајце
Морска риба-миксАмброзијаЖолчка од јајце
Школки-миксАмброзија краткаЛешници
АвокадоЗлатошипкаКикирики
СмокваМачкааПилешко месо
КивиКоњШколки-микс
ЈаболкоКучеМорска риба-микс
ПортокалМорско прасеБанана
БананаКраваСоини зрна
КамилицаЗајакМорков
Пченично брашноЛатексПченично брашно
‘Ржано брашноPenicillum Aspergilus‘Ржано брашно
CCD 1 BromelainCladosporium herbarumОвесно брашно
CCD 2 рен пероксидазаAlternaria alternata (домашна мувла)Камилица
CCD 3 Ascorbat оксидазаCCD мешавинаCCD мешавина

Тимот на Генеа ви стои на располагање за сите дополнителни информации и објаснувања на темата.

Добрата подготовка и соработка е во интерес на нашите пациенти, особено во делот на давање детална анамнеза и взаемно дефинирање на следните чекори и тип на тестирање.