Неплодност (инфертилитет) е неможност за забременување (зачнување). Тоа се дијагностицира кога жената не може да остане бремена по една година (или повеќе) на незаштитетени односи; или пак кога жената можела да забремени, но не била во можност да носи фетус до крај (абортус).

Причините за неплодноста можат да бидат женски, машки или комбинација од двете страни, сите подеднакво присутни (по една третина).

За да се случи успешна бременост, жената мора да развие и ослободи јајце клетка од еден од нејзините јајници. Бројот на јајце клетки сместени во фоликули кај жената е формиран уште пред нејзиниото раѓање и на тој број не може да се влијае.

 По започнувањето на менструалниот циклус на жената, фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) предизвикува зреење на неколку фоликули; но најчесто само еден доминира. За тоа време, производството на естрадиол се зголемува, достигнувајќи максимум на 14-тиот ден од типичен 28-дневен циклус, предизвикувајќи задебелување на обвивката на матката и стимулирање на производството на хормони: гонадотропин ослободувачкиот хормон (GnRH), лутеинизирачки хормон (LH) и FSH. Комбинираните ефекти на овие хормони резултираат во ослободување на јајце клетка од зрел фоликул, започнувајќи процес на овулација.

Откако ќе се ослободи, јајцето патува низ фалопиевата цевка и се оплодува со машка сперма, формирајќи ембрион, кој се движи во матката и се вградува во задебелената обвивка на матката (ендометриум). Како што расте ембрионот, се формира плацентата, негувајќи го и поддржувајќи го фетусот во текот на целиот период на бременост. Проблемите со неплодност можат да бидат поврзани со кој било еден или повеќе од овие процеси. Некои од причините за неплодност се лесни за идентификување и поправање, додека други се посложени.

За одредување на хормонскиот статус на жената се испитуваат следните хормони: FSH, LH, TSH, E2, PRL, PRG, TST, DHEAS, ANDR и уште некои други кои можат да влијаат на репродуктивната функција на жената.  

За степенот на машката плодност се прави испитување на семениот матријал, анализа наречена спермограм.

За одредување на оваријалната резерва (резервата на јајце клетки) која со текот на годините се намалува се испитува AMH – антимулериан хормон. Овој хормон од 2018 година е одобрен и од FDA (US Food and Drug Administration) за прв тест кој помага за одредување кога жената влегла во менопауза.

Сите овие тестови се испитуваат во Генеа лабораторија.