🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Испитување на Anti-Mullerian хормон, за утврдување на женска плодност

+49 7221 31343 Info@g11 Baden Baden.de Www.g11 Baden Baden.de (blog Website) (7)

Кога станува збор за проценка на женската плодност и потребните иследувања, еден од клучните параметри кои се испитуваат е проценка на работата на јајниците, односно  собирање на информации за оваријалната резерва на пациентката и квалитетот на истата.

 

Што претставува овој тест?

Анти-Mullerian хормон (AMH) е еден од клучните параметри за проценка на оваријалните резерви и одредување на репродуктивниот потенцијал кај жената и се произведува од страна на фоликулите во јајниците кои содржат јајце клетки. Нивото на Анти-Mullerian хормонот во крвта e директен индикатор за проценка на плодноста кај жените и за следење на реакцијата на пациентите подложени на терапија за фертилизација.

Кај жените, анти-мулериан хормон е произведен од гранулоза клетките на малите растечки фоликули. Со одредување  на неговата вредност во циркулацијата, може да се предвиди бројот на антрални и пре-антрални фоликули присутни во јајниците и истиот е независен од менструалниот циклус. Постои добар сооднос меѓу вредноста на АМХ во периферна крв, мерење на бројот на фоликули со вагинален ултразвук  и возраста на пациентката.

Концентрацијата на AMH се стабилизира до 25та година од животот, додека со стареењето постепено се намалува. Сепак, годините не се единствен параметар кој влијае на бројот на јајце клетките и концентрацијата на овој хормон.

 

За што се користи AMH испитување?

Мерењето на АМХ се препорачува во различни состојби кај жените, како индикатор за природното намалување на оваријалната резерва. Во процесите на медицинско потпомогнато оплодување, мерењето на АМХ помага за одбирање на најсоодветна терапија за пациентот, со оптимизирање на контролирана оваријана стимулација избегнувајќи го и ризикот на хиперстимулација.

Одредувањето на нивото на АМХ може да користи за мониторирање на оваријалната резерва кај млади девојки и жени кои на пример, имаат поминато гонадотоксичен третман на канцер.

Кај жени со оваријални проблеми, мерењето на серумските нивоа на АМХ обезбедува подобра карактеризација за типот на оваријална дисфункција, особено хипергонадотропна ановулација асоцирана со оваријална инсуфициенција како на пример полицистичен оваријален синдром.

 

Кои фактори делуваат на концетрацијата на AMH?

Постојат голем број причинители кои директно или директно делуваат на овој хормон, како што се следниве:

  • Дефицит на витаминот Д и омега-3 масни киселини
  • Пушењето и внесот на алкохол
  • Обезност и зголемен процент на телено масно ткиво
  • Стрес
  • Слаба и небалансирана исхрана
  • Разни токсини и хемикалии
  • Автоимуни и хронични болести
  • Ендометриоза и полицистични јајници
  • Разни инфекции како и воспалителни процеси на цревата
  • Мутација на MTHFR генот

 

Од друга страна пак, ниската вредност на AMH се поврзува со инсулинска резистенција, примена на кето диета, ниска родилна тежина, бубрежни заболувања, оперативни зафати на репродуктивните органи, пореметувања со исхраната како што е анорексија и слично.

 

Каков примерок е потребен за ова испитување?

За ова испитување потребно е земање на примерок на крв од пациентот.

 

Како да се подготвите пред тестот?

Не е потребна претходна подготовка за тестот. Хормонот не е зависен од менструалниот циклус и примерок може да се земе во било кој период од денот, дури и ако пациентката прима хормонална терапија.

 

Кои други тестови најчесто се испитуваат заедно со овој тест?

Со овој тест најчесто се испитуваат останатите репродуктивните хормони, особено FSH, LH, Estradiol, PRL и TSH.

 

Што доколку резултатот покажува покачена вредност?

Во зависност од состојбата на пациентот, докторот или специјалистот по медицинска биохемија може да препорача дополнителни тестови.

Битно е да знаете дека ниската концентрација на AMH не значи неплоднот, исто како што ни висока концентрација не значи гарантирана бременост.

Конечна дијагноза се поставува со помош на дополнителни медицински испитувања, како што е ултразвучно скенирање во вториот или  третиот ден од менструалниот циклус, токму кога треба да се спроведат хормонските тестови. Затоа секогаш препорачуваме консултација со вашиот избран гинеколог.

 

Во Генеа се вршат сите типови на испитувања на репродуктивни хормони: Естрадиол, FSH, B-HCG, LH, прогестерон, пролактин, SHBG, тестостерон и AMH, како репродуктивни пакети и за двајцата партнери со вклучени спермограм, или пак засебно.

Цената на испитувањето на АМХ изнесува 4.000 денари.

Тимот на Генеа лабораторија ви стои на располагање за сите прашања и консултации. Повеќе информации можете да погледнете на нашата веб страна, како и на 023 220 505 и 078 26 22 20.