🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Дијагностичка лабораторија: хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи.

Дијагностичката биохемиска лабораторија водена од специјалист по медицинска биохемија изработува голем број на хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи во кои спаѓаат крвна слика, електролитен статус, метаболизам на железо, хормони, тумор маркери и уште многу други. Во истата се спроведува надворешна контрола на резултатите, како дел од програмата PREVECAL. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.

Молекуларна лабораторија: со real-time PCR метода

Молекуларната лабораторија е опремена со најсовремената опрема за изработка на генетски, вирусни и бактериски анализи со real-time PCR метода. На молекуларно ниво може да се одреди присуство/отсуство на одреден патоген, како и мутации во одредени гени. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.

Микробиолошка лабораторија

Новиот оддел за микробилогија во рамки на лабораторијата е опремен по сите стандарди, со инвестиција во врвна опрема и технологија, се со цел на нашите пациенти да им се понуди целосна професионална и персонализирана услуга, се на едно место.Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.
Cenovnik Web
Кликнете на ценовникот за да ги разгледате сите лабораториски анализи кои можат да се направат во нашата лабораторија.