🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Covid-19

Во текот на минатата година се прилагодивме на новиот начин на живот: работа од дома, ограничување на контактите со семејството и пријателите и намалување на патувањето. Се со цел, спречување на ширењето на вирусот и заштита на нашите најблиски.

Со прецизно и рутинско тестирање, конечно можеме полека да се враќаме во нашето ново – нормално секојдневие.

Од почетокот на пандемијата, ние знаевме дека мора да реагираме со сите наши ресурси за задоволување на потребите на пациентите. Направивме посебна просторија за земање на примероци на пациенти позитивни или суспектни на Корона вирусот, со цел заштита на пациентите, нашиот персонал и секако за спречување на ширењето на овој вирус.