🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Infertilit

Што е стерилитет и кои анализи најчесто се испитуваат?

Се почеста тема на дискусија станува стерилитетот или неможностa на паровите за остварување на потомство. Доколку после една година неуспех за остварување на резултат по природен пат (за повозрасни пациенти и помалку), пацентите треба да обратат кај својот гинеколог за совет. Гинеколозите препорачуваат процесот на репродукција да биде меѓу 19-25 година. Но одлуката за раѓање, паровите ја донесуваат се подоцна, во желбата за личен професионален развој и кариера. Со зголемувањето на возраста кај жената се намалува квалитетот на јајце-клетките, се намалува бројот на овулациите и се намалува оваријалната функција. Дополнително во последните години репродуктивната медицина ги намали и границите кои треба да ги задоволува машкиот фактор за остварување потомство на природен начин. Тоа е уште една потврда за глобалното намалување на квалитетот на семената течност и сперматозоидите. Несомнено влијание на истите има брзиот начин на живот, стресот, исхраната, годините и многу други фактори кои можат да влијаат на крајниот резултат. Испитувањата кои треба да се прават за наоѓање на причината за неплодост зависат од стадиумот во кој се наоѓа двојката. Основните лабораториски анализи кои треба да ги направи женскиот парнер е испитување на хормонскиот статус, односно 6 основни хормони (FSH, LH, E2, PRL, TSH, TST). Овие пак, ќе му дадат насоки на гинекологот дали е потребно да се прават дополнителни лабораториски испитувања кај жената. Основната анализа која треба да ја направи машкиот партнер е спермограм. Важно е да се напомене дека хормонскиот статус на жената се прави на 3 ден од менструалниот циклус во примерок од крв, додека примерокот од машкиот партнер се прави после 2-5 дена апстиненција од сексуални односи.
Patient,couple,having,doctor,or,psychologist,consulting,on,marriage,counseling,

Инвитро пакет

Испитување на плодноста на двајцата партнери

ден.5600 ден. 4900
  • Женски репродуктивни хормони: FSH, LH, ESTRADIOL, TSH, TESTOSTERON
  • Машки партнер: спермограм
Попуст

Овие 6 хормони погоре споменати се:

Доколку вредноста на овој хормон е висока, се препорачува да се испита и хормон АМН (антимулериан хормон) кој дава информација за оваријалната резерва кај жената. Прочитајте повеќе за анализата.

  • LH (лутеинизирачки хормон) – заедно со FSH учествува во формирањето на фоликулите и процесот на овулација. Прочитајте повеќе за анализата.
  • Е2 (естрадиол) – дава информација за квалитетот на менструалниот циклус. Прочитајте повеќе за анализата. 
  • PRL (пролактин) – учествува во созревањето на фоликулите и развојот на јаце клетките. Прочитајте повеќе за анализата.
  • TSH (тиреостимулирачки хормон) влијае на растот и развојот на секоја клетка во организмот и директо влијае на репродуктивната функција.
  • ТST (тестостерон) – ,,машкиот” хормон има важна улога во репродуктивниот систем кај жената.

Анализата за испитување на машкиот фактор е спермограм, што претставува анализа за количеството и квалитетот на семената течност ослободена за време на ејакулацијата. Прочитајте повеќе за анализата.

За повеќе информации за тестовите, препораки за анализи и консултации можете да закажете термин со специјалистот по медицинска биохемија.

Посветени на Вашето здравје,
ГЕНЕА Лабораторија