🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

ЧПП

Дали имате склучено договор со Фондот за здравство (ФЗОМ)?

Генеа нема склучено договор со ФЗО, но цената за изработка на LU1 анализа е идентична како цена издадена со упат од матичен доктор, односно 175 денари.

Како да не најдете

Се наоѓаме веднаш спроти Соборен Храм, на самиот влез на паркинг рампата.

Како да најдам соодветен паркинг?

Иако сме лоцирани во строг центар на градот, веднаш спроти Соборен Храм на самиот влез на паркингот, многу често добиваме прашања од нашите пациенти кои доаѓаат со возило за помош околу изнаоѓање на оптимално место за паркирање.
Со таа цел, водејќи се од потребата да излеземе во пресрет на сите ваши потреби и да ви го олесниме пристапот до нашите услуги, отсега па натаму на располагање ви ја нудиме опцијата за најавување на терминот на вашето доаѓање и завршување на севкупниот процес, од земање примерок до техничко-административни процедури за најмногу 15 минути, онолку колку што е бесплатен паркингот во наша непосредна близина.


Сè што треба да направите е да го најавите вашето доаѓање на 078 26 22 20, а нашиот тим ќе ве пречека подготвен.

Дали работите за викенд?

Нашето работно време за викенди е сабота од 7:30 до 13:30. За сите потребни информации и резултати, нашиот тим е достапен на контакт броевите, а за временскиот период на издавање на резултати ке бидете информирани при самото закажување, како и земање на примерок.