🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Според Светската Здравствена Организација ракот на грлото на матката e четврти по застапеност тумор кој се јавува кај жените. Досега, главниот пристап за превенција на цервикален канцер е преку програми за скрининг, со употреба на цервикална размаска (ПАП тест) за откривање на прекурзорни лезии. Раното дијагностицирање на канцер со овој метод е многу отежнато бидејќи цитологијата и колпоскопијата ја идентификуваат лезијата во напредна фаза. Дополнително чувствителноста и специфичноста на ПАП-размаската зависи од експертизата и вештините на здравствениот работник да ги препознае и класифицира различните клеточни абнормалности.

Најзначаен етиолошки фактор за развивање на ракот на грлото на матката е инфекција од човечки папиломавирус (ХПВ – Human Papilloma Virus). Тоа е група од повеќе од 150 поврзани вируси. Некои типови на ХПВ се сметаат за високо ризични затоа што можат да предизвикаат рак или пак да да предизвикаат брадавици на гениталиите (исто така наречени кондиломи). Лабораториските дијагностички тестови играат клучна улога во спречувањето на карциноми предизвикани од ХПВ како и при водење на терапевтски интервенции. Идентификацијата и квантификацијата на ХПВ вирусот се прави со молекуларни тестови и истото се вика ХПВ типизација. Ние во ПЗУ ГЕНЕА ЛАБОРАТОРИЈА го одредуваме не само присуството и типот на ХПВ вирусот со real-time PCR метода, туку и виралното оптеретување со вирусот.  Резултатот се добива за 24 – 48 часа и потребно е да се донесе брис од гинеколог за ХПВ типизација.  Се испитуваат 21 тип на ХПВ и тоа 18 високо ризични типови: 31,35, 16, 52, 33, 68, 45, 82, 51, 18, 39, 58, 66, 26, 53, 59, 56, 73 и 3 нискоризични типови: 6,11, 44).

Светските протоколи за превенција на развој на рак на грлото на матката, веќе ја користат ХПВ типизацијата како метода од избор наспроти класичната цервикална размаска (ПАП-тест).