Машкиот фактор е се почеста причина за неплодност
Месец ноември веќе одамна прерасна во масовно глобално движење Мовембер, посветено на подигнување на свесноста за грижа за машкото физичко и ментално здравје. Трендот на пуштање мустаќи веќе зазема се поголем замав, но она што е најважно е да се знае причината која стои позади тоа. Ние велиме едукација, информираност и делување.
Не само што ракот на простата е втората причина за смртност кај мажите, туку кога станува збор за нарушувања и состојби, машката неплодност е се повеќе присутна како носечки фактор, кај речиси 50% од паровите кои не можеле да остварат зачнување после 1 година.
Кај повеќе од 40% од случаите како најчеста причина за неплодност кај мажите се посочува недоволниот број на сперматозоиди. Во остатокот како причини се наведуваат оштетувања на тестисите (воспалителни, хромозомски или како резултат на зрачење), проширени вени во скротумот, автоимуни заболувања, нарушувања на хипофизата итн.
Спермограм претставува лабораториска метода и анализа за утврдување на количеството и квалитетот на семената течност ослободена за време на ејакулацијата.
Спермограмот заедно со спермокултурата се почетни дијагностички техники за утврдување на причинителите на неплодноста.
Многу често причината за машка неплодност може да биде и генетска. Во овој случај се препорачува генетски дест за детекција на микроделеции во AZF регионот на Y хромозомот поврзани со азооспермија како најчест генетски фактор за машката неплодност.
Се спермограмот се прави анализа на вкупниот број на сперматозоиди, концентрацијата, морфологијата, подвижноста, ликвефакцијата и друго, додека спермокултурата дава информација за присуството на патогени микроорганизми во ејакулатот.
Макропски и микроскопски параметри
Семената течност е вискозна, белузлава течност која содржи сперматозоиди и производи од неколку жлезди. Сперматозоидите се репродуктивни клетки во семената течност, кои имаат глава, врат и опашка и содржат по една копија од секој хромозом (сите гени на машки пол).
Анализата на семената течност вклучува одредување на макроскопски испитувања (изглед, ликвефакција, pH, волумен, вискозност) и микроскопски карактеристики каде се одредува квантитативното присуство и подвижноста на сперматозоидите, како и морфолошките испитувања.
Испитувањата од овие резултати ги даваат првичните информации за машката неплодност. Многу е битно да се напомене дека клиничката дијагноза не треба да се прави врз основа на еден резултат, туку треба да се интегрираат клиничките и лабораториските резултати.
Што се утврдува со спермограмот?!
Спермограмот опфаќа макроскопски и микроскопски испитувања кои допринесуваат за толкување на резултат и давање соодветна дијагноза:
*Normozoospermia – кога вкупниот број на сперматозоиди, прогресивно подвижни и морфолошки нормални се еднакви или над долната референтна граница
*Oligozoospermia – вкупниот број на сперматозоиди (или нивната концентрација) е под долниот референтен лимит
*Asthenozoospermia – процентот на прогресивно подвижни сперматозоиди е под долниот референтен лимит
*Teratozoospermia – процентот на морфолошки нормални сперматозоиди е под долната референтна граница
*Azoospermia – отсуство на сперматозоиди во ејакулатот.
Со исклучок на azoospermia и normozoospermia, останатите дијагнози може да се комбинираат меѓу себе.
Доколку се утврди отстапување на некоја вредност во спермограмот, по консултација со гинеколог или уролог се продолжува со испитувања за утврдување на потеклото на состојбата, се со цел давање на соодветна терапија.
Со спермокултура се испитува присуството (идентификацијата) на патогените микроорганизми присутни во семената течност, како и одредување на сензитивноста на одредени антибиотици (антибиограм). Овој метод е стандардно микробиолошко садење на хранителни подлоги подробни за растење на бактерии присутни во семената течност.
Развојот на медицинската дијагностика допринесе за воведување на уште еден нов тест со PCR метода (polymerase chain reaction) во кој се опфаќаат 33 сексуално преносливи микроорганизми. Со овој метод се детектираат микроорганизмите и во најмали концентрации и се нарекува Androflor.
Каков примерок е потребен?
- Примерокот од семената течност се собира во чист стерилен сад со широк отвор. По земањето на примерокот потребно е истиот веднаш да се транспортира до лабораторијата за испитување. Спермата е многу чувствителна на температура.
- Примерокот треба да се чува на телесна температура (37ºC) со тоа што ќе се држи блиску до телото за време на транспортот. Не треба да се остава на собна температура подолг временски период и не треба да се лади.
Подготовки пред тестот
- Препорачливо е земање на утрински примерок, без претходно конзумирање на храна и пијалоци со исклучок на вода.
- Потребно е да се прекине со терапија на литиум, антациди, диуретици или суплементи на витамин Д пред земање на примерок.
Подготовки пред тестот
Спермограм и спермокултура анализите како основни лабораториски анализи, во рамки на месецот посветен на грижа за машкото здравје, се достапни како пакет со дополнително намалување од 2.200 ден.
Дознајте повеќе и консултирајте се со нашиот тим на 023 220 505 и 078 26 22 20.