
Иднината е денес!
Генеа Лабораторија станува официјален застапник за Swiss Stem Cells Biotech банката за матични клетки
ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПАПОЧНА ВРВЦА
Раѓањето на нов живот е посебен момент за секое семејство. Доколку чекате дете, размислете за можноста да ги зачувате неговите матични клетки и да му овозможите побезбедна иднина!
Матичните клетки се неспецијализирани клетки кои имаат потенцијал да станат различни типови на клетки со специфични функции. Денес, благодарение на науката овозможено е овие клетки да се користат за „обновување“ на оштетените органи и ткива.
Матичните клетки можат да создаваат крвни клетки (хематопоетски матични клетки), но исто така можат да создаваат коски, мускули, кожа, ‘рскавица итн. (мезенхимални матични клетки).
ЗАЧУВАЈ ДЕНЕС, ЗА ПОБЕЗБЕДНО УТРЕ И ИДНИНА СО ПОМАЛКУ ГРИЖИ
Папочната врвка и крвта содржана во неа се навистина скапоцени. Тие се вистински извор бидејќи се богати со матични клетки кои во повеќето случаи, се фрлаат по раѓањето и стануваат отпад.
Терапијата со матични клетки се нарекува „трансплантација“; првиот пат беше спроведена во 1988 година и оттогаш повеќе од 40 илјади пациенти имаат придобивки од неа низ целиот свет.
Трансплантацијата на хематопоетски матични клетки е добро воспоставена и успешна терапија на многу сериозни болести кои можат да бидат животозагрозувачки. На пример, некои видови на рак на крвта, како леукемии и лимфоми, се третираат со матични клетки. Моментално во светот се водат илјадници клинички испитувања, особено за неизлечиви болести.
Матичните клетки од папочна врвка се поефикасни од оние кои може да се соберат од коскената срцевина или крв кај возрасни, на инвазивен и трауматски начин. Придобивките од располагање со сопствени матични клетки во случај на потреба се огромни: избегнувате потрага по донор и секаков ризик од неприфаќање на терапијата поради инфекција.
ПАПОЧНАТА ВРВКА И СИТЕ НЕЈЗИНИ МОЌИ
Не само папочната врвка, туку и ткивото е одличен извор на матични клетки, наречени мезенхимални матични клетки.
Овие клетки имаат голем потенцијал и можат да се користат во комбинација со хематопоетските матични клетки.
SSCB има успешно искористено над 200 примероци на матични клетки.
СОБИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛ
100% БЕЗБЕДНА, ЕДНОСТАВНА И НЕИНВАЗИВНА ПРОЦЕДУРА ЗА ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОК
Собирањето на крв и ткиво од папочна врвка е едноставна процедура која се случува откако ќе се исече папочната врвка на новороденчето. Оваа постапка не ги става на ризик ниту мајката ниту детето.
Собирањето на ткивото од папочна врвка може да се изврши независно од собирањето на крв од папочна врвка.
ЗАЧУВУВАЊЕ НА ДНК
ДНК е основата на животот; таа ги содржи сите генетски информации наследени од родителите – што го прави секој поединец уникатен во неговиот изглед.
SSCB нуди можност за зачувување на ДНК и од детето и од родителите.
ДНК се екстрахира од мал дел од крв од папочна врвца или едноставен примерок на крв (за родители).
КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ
ИТНОСТ – во итен случај можеби ќе треба да ја проверите ДНК на вашето дете, а сето тоа бара дополнително време. SSCB може да ја испрати во рок од неколку часа во генетската лабораторија за да се направат потребните тестови.
БЕЗБЕДНОСТ – во случај на симптоми од одредена патологија, може веднаш да ја проверите ДНК на вашето дете. Складирањето на ДНК на родителите исто така може да помогне да се потврдат и/или исклучат одредени болести.
БЕЗБОЛНА ПОСТАПКА – Традиционалната процедура за земање примерок од ДНК може да биде трауматична и болна за детето. Доколку се изврши во моментот на раѓање, ќе се избегнат какви било компликации.