🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

ЗА НАС

За лабораторија Genea

Ние сме лабораторија која претставува линк меѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Обезбедувајќи лабораториски тестови, здравствени услуги и интерпретација на резултати за пациентите и докторите, се стремиме кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развивавме со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна. Се прилагодуваме на индустријата што се развива и постојано инвестираме во ресурси, што ќе му користат на целокупниот здравствен систем. Фокусирани сме на потребите на утрешниот ден – оној што го градат специјалистите по медицинска биохемија, за лекарите и за пациентите.

4
10

Мисија и визија

Нашата визија е поширока отколку само решавање на денешните проблеми. На патот да ја унапредиме модерната медицина, нашиот приоритет е да го зголемиме портфолиото на достапни лабораториски тестови во регионот, да поставиме нов пример за стандардите на квалитет и доверба, да обезбедиме најдобра комуникација со клиентите и да се развиеме како лабораторија која негувајќи ги највисоките деловни стандарди ќе стане лидер во модерната лабораториската практика.

Нашата мисија е да придонесеме кон поздрав свет преку иновативни и високо квалитетни лабораториски, технолошки и медицински услуги, преку создавање можности за вработените и креирање компанија со трајни вредности.

Историја и Искуство

Искуството е есенцијално и затоа нашите клиенти избираат да останат со нас на долг пат. Toa е и  причината зошто ние работиме поинаку. Додека другите лаборатории се обидуваат да ги задоволат потребите на клиентот во нивниот систем, ние го градиме нашиот систем околу потребите на нашите клиенти. За нас, медицинската соработка е она што го практикуваме. Без разлика дали станува збор за примерок од крв, ХПВ типизација или откривање на генетски мутации, нашите клиенти секојпат веруваат во нас. Тежината на таа доверба е она што нè тера да постојано бараме нови можности и иновации, со цел да постигнеме напредок.

8