🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Светската Здравствена Организација на 24 ноември 2021 година соопшти дека е детектирана нова варијанта на SARS-CoV-2 вирусот, B.1.1.529, наречена Omicron. Истата претставува (VOC) или Variant of concern и постои можност за нејзино глобално ширење, откако Јужно Африканскиот национален институт за заразни болести во Јоханесбург потврдил дека Omicron се шири брзо. Оваа варијанта има голем број на мутации, поточно 30 мутации во spike-протеинот на вирусот. Прелиминарните докази сугерираат зголемен ризик од реифекција со Omicron варијантата споредено со останатите варијанти на вирусот, кај луѓе кои го прележале вирусот или имаат некаква заштита против него. Променетата структура на S-протеинот, заради мутациите, ја отежнува неутрализирачката функција на антителата.

Нашата молекуларна лабораторија опремена со најсовремена технологија, користејќи китови со највисока специфичност и сензитивност на методата за анализа на вирусот SARS-CoV-2, овозможува точна и навремена детекција и на новата варијанта на вирусот.

Закажете термин за PCR или брз антиген тест за Ковид-19 на:
(02) 3220505 | 078262220 или https://bit.ly/3aYVOvo