🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Анализи за испитување на машка неплодност

Nipt New (website) (4)

Машката инфертилност е се почеста причина за неплодност

Статистиката вели дека секој шести пар, односно 15%, се соочува со проблеми со инфертилитет. Многу често се говори за женски инфертилитет, но се почесто во последно време токму машкиот инфертилитет се посочува како причина за неплодност,  и тоа кај речиси 50% од паровите кои не можеле да остварат зачнување после 1 година.

Кај повеќе од 40% од случаите како најчеста причина за неплодност кај мажите се посочува недоволниот број на сперматозоиди. Во остатокот како причини се наведуваат оштетувања на тестисите (воспалителни, хромозомски или како резултат на зрачење), проширени вени во скротумот, автоимуни заболувања, нарушувања на хипофизата итн.

Причините за машката неплодност можат да бидат идиопатски (непознати), но исто така и генетски или стекнати.

 

Основни лабораториски анализи за утврдување на неплодност

Спермограм претставува лабораториска метода и анализа за утврдување на количеството и квалитетот на семената течност ослободена за време на ејакулацијата.

Спермограмот заедно со спермокултурата се почетни дијагностички техники за утврдување на причинителите на неплодноста.

Се спермограмот се прави анализа на вкупниот број на сперматозоиди, концентрацијата, морфологијата, подвижноста, ликвефакцијата и друго, додека спермокултурата дава информација за присуството на патогени микроорганизми во ејакулатот.

Анализата на семената течност вклучува одредување на макроскопски испитувања (изглед, ликвефакција, pH, волумен, вискозност) и микроскопски карактеристики каде се одредува квантитативното присуство и подвижноста на сперматозоидите, како и морфолошките испитувања.

Испитувањата од овие резултати ги даваат првичните информации за машката неплодност.  Многу е битно да се напомене дека клиничката дијагноза не треба да се прави врз основа на еден резултат, туку треба да се интегрираат клиничките и лабораториските резултати.

 

Што се утврдува со спермограмот?!

Спермограмот опфаќа макроскопски и микроскопски испитувања кои допринесуваат за толкување на резултат и давање соодветна дијагноза:

*Normozoospermia –  кога вкупниот број на сперматозоиди, прогресивно подвижни и морфолошки нормални се еднакви или над долната референтна граница

*Oligozoospermia – вкупниот број на сперматозоиди (или нивната концентрација) е под долниот референтен лимит

*Asthenozoospermia – процентот на прогресивно подвижни сперматозоиди е под долниот референтен лимит

*Teratozoospermia – процентот на морфолошки нормални сперматозоиди е под долната референтна граница

*Azoospermia – отсуство на сперматозоиди во ејакулатот.

Со исклучок на azoospermia и normozoospermia, останатите дијагнози може да се комбинираат меѓу себе.

Доколку се утврди отстапување на некоја вредност во спермограмот, по консултација со гинеколог или уролог се продолжува со испитувања за утврдување на потеклото на состојбата, се со цел давање на соодветна терапија.

Со спермокултура се испитува присуството (идентификацијата) на патогените микроорганизми присутни во семената течност, како и одредување на сензитивноста на одредени антибиотици (антибиограм). Овој метод е стандардно микробиолошко садење на хранителни подлоги подробни за растење на бактерии присутни во семената течност.

Развојот на медицинската дијагностика допринесе за воведување на уште еден нов тест со PCR метода (polymerase chain reaction) во кој се опфаќаат 33 сексуално преносливи микроорганизми. Со овој метод се детектираат микроорганизмите и во најмали концентрации и се нарекува Androflor.

Каков примерок е потребен?

  • Примерокот од семената течност се собира во чист стерилен сад со широк отвор. По земањето на примерокот потребно е истиот веднаш да се транспортира до лабораторијата за испитување. Спермата е многу чувствителна на температура.
  • Примерокот треба да се чува на телесна температура (37ºC) со тоа што ќе се држи блиску до телото за време на транспортот. Не треба да се остава на собна температура подолг временски период и не треба да се лади.

 

Подготовки пред тестот

  • Препорачливо е земање на утрински примерок, без претходно конзумирање на храна и пијалоци со исклучок на вода.
  • Потребно е да се прекине со терапија на литиум, антациди, диуретици или суплементи на витамин Д пред земање на примерок.

 

Генетски фактор како причина за неплодност и генетско тестирање!

Машката неплодност е мултифакторна и може да биде вродена, генетска или идиопатска.

Кога станува збор за генетскиот фактор, збориме за микроделециите на Y хромозомот во AZF регионот.

Во овој случај се препорачува генетски дест за детекција на микроделеции во AZF регионот на Y хромозомот поврзани со азооспермија како најчест генетски фактор за машката неплодност 

Промените во овој регион се поврзани со абнормалности на производство на сперма, односно неплодност, изразена како азооспермија (целосно отсуство на сперма во ејакулатот) или олигозооспермија (со помалку од 5 милиони сперматозоиди во ејакулатот)
Ова тестирање се препорачува на сите парови кои се борат со стерилитет и во својата фамилијарна историја имаат присуство на машка неплодност.

Со резултатите добиени од тестот ќе се изврши откривање на причината за појавата на неплодноста кај мажите. Доколку станува збор за генетска промена, се пристапува кон соодветен избор за третман на состојбата. 

Во Генеа е достапен молекуларен генетски тест со PCR метода за детекција на микроделеции во AZF регионот на Y хромозомот поврзани со азооспермија. Панелот вклучува 13 неполиморфни маркери кои овозможуваат откривање делеции во трите локуси AZFa AZFb и АZFc на AZF регионот на Y хромозомот, како и маркер на SRY генот кој го кодира Y протеинот кој го одредува полот. Тестот е по јулска промотивна цена од 3.200 ден.
Спермограм и спермокултура анализите како основни лабораториски анализи овој месец се достапни како пакет со дополнително намалување од 2.100 ден.
Повеќе информации и консултации на 078 26 22 20 и 023 220 505.