🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

Алергиска реакција или интолеранција? Дознајте повеќе за симптомите, разликите и кои испитувања се потребни!

алергии или лактоза

Станува збор за една од главните недоумици, дилеми и забуни во интерпетацијата на овие две медицински состојби, како и најчести прашања од нашите пациенти за каков тип на испитување е потребно да се направи.

Она што со сигурност може да се каже е дека денес на светско ниво, над 95% од популацијата досега покажала реакција или осетливост на одреден тип на храна кој се консумира секојдневно, додека алергиите се прилично ретки и дијагностицирани кај не повеќе од 3%.

Исто така, за разлика од алергиите, интолеранцијата на храна се смета за наследна особина, во некои случаи и како резултат на пребрз премин од течна на цврста храна во детството, односно прерано оптеретување на системот за варење.

Во секој случај, навремените испитувања и следење на препораките на вашиот доктор се од суштинска важност за водење на одржување на здрав живот и секојдневие, без грижи.

 

Што е интолеранција?

Интолеранцијата е најчесто вродена и се појавува како резултат на недостаток или намалена активност на некој ензим, како последица на генетски малформации при лачење на хормоните при метаболички процеси.

Најчести симптоми на интолеранција на храна кои се причинители за имунолошка интолеранција се следниве:

-Прекумерна тежина

-Проблеми со варење на храната, односно хронични гастроинтестинални проблеми: проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност и слично

-Невролошки реакции, како што се главоболки, вртоглавици и мигрена, Болки во зглобови

-Кожни манифестации, како што се атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија.

-Хроничен замор, несоница или анксиозност

-Артрисис

-Отекување и задржување на вода во организмот

 

Што значи алергиска реакција?

Алергијата пак се манифестира како бурна реакција на организмот на некоја супстанција, која во најголем број од случаите е безопасна, но бара навремено препознавање, соодветен третман, исхрана и стил на живот.

Супстанците кои предизвикуваат алергиски реакции се нарекуваат  алергени, а реакцијата настанува при внес на антиген кој го “вознемирува”  организмот, стимулирајќи го да произведува антитела и процеси, кои при внес на тој антиген прават бура и реакција како резултат на погрешните сигнали и стимулирање на имунолошкиот систем.

Алергијата најчесто се појавува од конзумирање храна и најчесто се манифестира со симптоми слични на симптомите на интолеранција на храна, но разликата е што истите се појавуваат инстантно после конзумирање на алергенот кој предизвикува реакција.

Симтпомите варираат од гадење, повраќање и дијареа, до кожни иритации и отежнато дишење, кое може да предизвика несакани последици доколку не се третира навреме.

По лабораториското испитување и утвррдување на причинителот на алергиската реакција, оваа состојба најчесто се регулира со избегнување на овие продукти, прилагодена и балансирана исхрана.

 

Симптоми, причини и дијагностика на алергии

При контакт со алерген (како состојка на храна или инхалаторен), човечкото тело создава имуноглобулини од класата E, односно IgE антитела, како одбрана кон внесениот алерген. IgE антителото, кое се создало специфично за одредениот алерген, се врзува за мастоцитите, кои претставуваат ткивни леукоцити од гранулоцитната лоза богати со хистамински гранули.

Во следниот контакт со истиот алерген, IgE антителата врзани со мастоцитите го препознаваат и врзуваат алергенот, по што доаѓа до активација на мастоцитите и нивна дегранулација- ослободување на хистамин и други инфламаторни медијатори во околното ткиво.

Хистаминот и другите медијатори учествуваат во патогенезата на алергиските реакции со локални и системски ефекти, односно вазодилатација, мукозна секреција, нервна стимулација и контракција на мазната мускулатура. Во зависност од алергенот и засегнатотиот орган или ткиво, симптомите на алергија се многубројни.

Инхалаторните алергени најчесто предизвикуваат кивавица, чешање и зголемена секреција од носот, чешаше и зголемено солзење на очите, замор итн. Внесот на алергенот преку храната може да предизвика симптоми слични на астма, генерализиран осип, ангиоедем или гастроинтестинални симптоми како абдоминални болки и дијареа.

Симптомите на алергија најчесто се јавуваат после неколку минути од оброкот или контактот со храна, а во некои случаи можат да бидат и одложени и до неколку часа. Реакциите на инхалаторните алергени најчесто се јавуваат сезонски (на пример полен) или по подолг престој во затворен простор (прашина). Реакциите кон алергени од животни (куче и маче) се јавуваат во текот на целата година.

 

Кога е потребно да се направи алерготест!

Алергиските тестови се прават во периодите на појава на симптомите бидејќи можат да помогнат во идентификација на антигенот кој е одговорен за појавата на алергија.

Најчесто се користат два типа на дијагностички тестови за дијагноза на алергиските болести.

Тоа се традиционалниот кожeн prick test и алергенско тестирање преку крв.

Недостатоци на традиционалниот prick тест:
  1. Се спроведува во in vivo услови,
  2. Непријатен при спроведување (особено кај мали деца),
  3. Опасност од анафилакса,
  4. Контраиндициран при примена на антихистаминици, бета-блокатори и теофилин.

 

Тестовите за алергенско тестирање преку крв денес се повеќе се користат и го заменуваат традиционалниот prick test. Овие тестови го одредуваат присуството на специфичното IgE антитело кон одреден алерген преку примерок од крв.

 

Предности на алергенското тестирање преку крв:
  1. Се спроведува во in vitro услови,
  2. Пријатен за изведување,
  3. Сигурен и безбеден за пацеинтот (нема контакт со алергените),
  4. Испитување на голем број алергени од само еден примерок крв,
  5. Нема контраиндикации кон лекови,
  6. Голема сигурност во резултатот.

 

Во Генеа лабораторија, се вршат сите типови на имунолошки испитувања со најсовремени методологии и опрема

  • Високо иновативен алергиски тест од крв AlleisaScreen® од светскиот лидер Mediwiss Analytic GmbH-Германија

-Овој полуквантитативен чип систем за детерминација на алерген-специфични IgE антитела е уникатно решение за 100% сигурен и точен резултат со помош на CCD blocking solution (0% лажно позитивни резултати).

-Преку тестот се испитуваат 3 алергиски панели, нутритивен, инхалаторен и педијатриски, секој со по 30 алергени.

  • Панели за испитување на интолеранција на 45 или 90 типови на храна, вклучувајќи и генетски тест за интолеранција на лактоза.

 

Во моментов е активен специјален промотивен пакет за испитување на алергиски панел од 30 алергени по избор, по намалена цена од 1.800 ден.

16

За повеќе информации и консултации со нашиот тим, ви стоиме на располагање на 078 26 22 20, како и на 02 220 505.