Што е целијачно заболување?!
Целијачната болест е долгорочно или хронично автоимуно нарушување кое влијае на нашиот дигестивен систем.
Истата се активира кога јадеме храна која содржи глутен – протеин кој се наоѓа во житариците како пченица, јачмен и ‘рж и храна како колачи, леб и тестенини. Доколку имаме целијачна болест, нашите имунолошки клетки реагираат на глутенот и го напаѓаат. Ова, за жал, може да го оштети тенкото црево.
Целијачната болест се разликува од чувствителноста на глутен или нетолеранција на глутен и претставува сериозна состојба која може да предизвика долготрајни дигестивни проблеми, што може да го спречи организмот од внесување на доволно хранливи материи.
Оваа болест е едно од најчестите ентеропатогени нарушувања и претставува доживотна хиперсензитивност на протеините на глутен кои се наоѓаат во пченицата, ‘ржта, овесот и јачменот.
Целијачна болест иако не припаѓа на алергиско заболување, се карактеризира со нетолеранција на делови од глутен кои формираат глиадин. Во раното детство, имунолошката нетолеранција кон глијадин, доведува до хроничен воспалителен одговор во слузницата на тенкото црево и последователна малапсорпција која се карактеризира со хронична дијареа, стеатореја и неуспех да се напредува. Многу возрасни пациенти може да покажат и други атипични знаци како што се абдоминална дистензија, губење на тежината, замор, проблеми со кожата и зглобовите или главоболка слична на мигрена.
Дел од сиптомите може да останат во голема мера асимптоматски.
Нелекуваната целијачна болест го зголемува ризикот од развој на други болести на дигестивниот систем.
Кои се симптомите на целијачната болест?!
Симптомите на целијачна болест може многу да варираат. Тие исто така може да бидат различни кај децата и возрасните.
Дигестивни симптоми кај возрасни вклучуваат:
- Дијареа
- Замор
- Губење на тежина
- Надуеност и гасови
- Стомачна болка
- Гадење и повраќање
- Запек
Сепак, повеќе од половина од возрасните со целијачна болест имаат симптоми кои не се поврзани со дигестивниот систем.
Најчести симптоми кај деца:
Децата со целијачна болест имаат поголема веројатност од возрасните да имаат дигестивни проблеми, вклучувајќи:
- Гадење и повраќање;
- Хронична дијареа;
- Отечен стомак;
- Запек;
- Гас;
- Бледи столици со непријатен мирис.
Дали целијачната болест е наследна?!
Значителни докази во поново време покажуваат дека целијачната болест има силна генетска компонента.
Целијачната болест е мултифакториелно нарушување поврзано со HLA-DQ2 (DQA1*05/DQB1*02) или DQ8 (DQA1*0301/DQB1*0302) кој е поврзан во хаплотип со HLA-DR4 алел. HLA DQ2 се изразува во мнозинството (> 90 %) од оние со целијачна болест и DQ8 кај околу 8%. Изразот на овие HLA-DQ2 или DQ8 молекулите се неопходни, но не и доволни за развој на целијачна болест и сочинуваат само околу 50% од генетските компонента на болеста.
Околу 95% од сите пациенти со целијакија го поседуваат овој конкретен генотип во споредба со приближно 20% од нормалната популација.
Тестирање и дијагностика
Не постои дефинитивен лек за целијачна болест, но многу е важно да се има во предвид дека за повеќето луѓе, следењето на строга диета без глутен може да помогне во управувањето со симптомите и да помогне во заздравувањето на цревата.
За потврдување или исклучување на целијакија се прават следните тестови:
- Генетски тест за целијакија која ги вклучува алелите DQA1*05; DQA1*03; DQA1*02; DQB1*03:02; DQB1*02. Резултатите се добиваат за 24 часа.
- Имунолошки тестирања за интолеранција на храна, со вклучени 45 и 108 типови на храна. Резултатите се добиваат за 24 часа.
- Gastro-LIA – ензимска имуноанализа за квалитативно мерење на антитела на IgA и IgG против: деаминиран глиадин (d-gliadin, DGP), ткивна трансглутаминаза (tTG), манан (ASCA), антиген на париентални клетки (PCA) и интринзичен фактор (IF). Резултатите се добиваат за 24 часа.
Консултирајте се со нашиот тим на 023 220 505 или 078 26 22 20, за да дознаете повеќе или за консултација околу тестирањата што се потребни да се направат, согласно на вашите потреби и состојба.