🕓 Пон – Пет: 07:30 – 20:00 | Саб: 07:30 – 13:30

📞 023220505 | 078262220

FEMOFLOR SCREEN, иновативна дијагностистичка алатка со молекуларен PCR пристап за ефективно и сензитивно детектирање на промени на вагиналната микрофлора

4.300 ден. 2.850 ден. 1 940x470

Составот на вагиналниот микробиом има сериозна улога врз репродуктивното здравје на жената, а со тоа и на квалитетот на живот. Секоја година, 1 од 3 жени развива вагинална дисбиоза, додека дури 84% од нив не пројавуваат никакви симптоми и затоа оваа состојба поминува незабележано.

Вагиналната дисбиоза е нарушување на балансот на вагиналната микрофлора, односно намалување на бројот на лактобацилите, на сметка на зголемениот број на различни групи аеробни и анаеробни микроорганизми. Истата е резултат на сложените односи и динамика помеѓу микроорганизмите кои го сочинуваат микробиомот.


Компликации предизвикани од недетектирани или скриени промени

Многу често се случува регуларните микробиолошки анализи да не покажат никакви промени, додека истите тие промени во нормалниот женски микробиом ги зголемуваат шансите за развој на половопреносливи инфекции и водат кон негативни последици за женското здравје и репродуктивни функции како:

  • Предвремено раѓање
  • Спонтан абортус
  • Воспаление на матката
  • Уретрити
  • Неонатални инфекции
  • Постпородилен ендометрит
  • Зголемен ризик за развој на други инфекции – HIV, N. gonorrhoeae, C. trachomatis, Herpes simplex virus 1 и 2, Trichomonas vaginalis и др.


Детална проценка на состојбата на микробиомот преку Femoflor скрининг

Преку Femoflor screen молекуларната анализа се испитува состојбата на вагиналниот микробиом кај жените и на тој начин се овозможува определување на вкупниот број на микроорганизми и бројот на лактобацили, со што детално се оценува состојбата на микробиомот;

Femoflor анализата прецизно го определува број на аеробни и анаеробни условно-патогени микроорганизми, микоплазми и габи од родот Candida, кои имаат големо значење во развивањето на дисбиозни состојби, утврдувајќи го следново:

  • Тотална бактериска маса
  • Нормофлора – Lactobaccilus spp.
  • Gardnerella vaginalis/ Prevotella bivia/Porphyromonas spp.
  • Ureaplasma (urealyticum + parvum)
  • Candida spp.
  • Mycoplasma hominis
  • Mycoplasma genitalium
  • Trichomonas vaginalis
  • Neisseria gonorrhoeae
  • Chlamydia trachomatis
  • Herpes simplex virus 2
  • Сytomegalovirus
  • Herpes simplex virus 1
FB_IMG_1660035002035-removebg-preview

Докторите се повеќе се одлучуваат за Femoflor Screen

Преку оваа метода, многу често посочувана како иднината на микробиолошките гинеколошки испитувања, истовремено и со ултра прецизност се одредуваат голем број микроорганизми и нарушувања во нивниот број и сооднос, како и полово-преносливи инфекции, доколку постојат, кои инаку не би можеле да се детектираат преку други анализи, или можат да останат “скриени”, на тој начин станувајќи скриен причинител за развој на други компликации. Токму затоа докторите се почесто на своите пациентки, особено на бремените и оние под зголемен ризик, им ја предложуваат и ја практикуваат оваа методолошка алатка, на тој начин спречувајќи и најмали компликации.


Предност на молекуларната детекција наспроти традиционални методи

Испитувањето на вагиналната микрофлора бара покомплексен дијагностички пристап затоа што освен присуството на различни микроорганизми, од исклучително значење е декетирањето и на нивниот точен број. До сега во науката не постоел ниеден метод кој ги комбинира двете.

Традиционалните најчесто употребувани дијагностички методи се базираат на симптоматиката на пациентот, симптоми кои при состојба на вагинална дисбиоза често отсуствуваат или се поклопуваат со симптомите на други инфекции.

Исто така, традиционалните методи се поврзани со субјективност при отчитувањето на резултатите, како и неможноста да бидат култивирани голем дел од анаеробните микроорганизми поврзани со состојбата на вагинална дисбиоза.

Индивидуален пристап во терапијата значи правилна, точна и селективна детекција и ограничување на неправилната употреба на антибиотици при третман.

Предноста на Real-Time PCR методот е во неговата сензитивност и специфичност, со што овозможува детекција на сите групи микроорганизми, вклучувајќи ги и тие кои тешко се детектираат со конвенционални методи.

Друга предност на методот е брзината на тестот, односно резултатите не се чекаат долго време затоа што микроорганизмите не се култивираат. Резултати се добиваат во истиот работен ден.

Заради специфичноста и селективноста на методот, веројатноста за добивање false-positive или false-negative резултати е значајно намалена, со што веродостојноста на резултатите е значително зголемена.


Индикации за спроведување на Femoflor Screen

Овој скрининг најчесто се препорачува при следниве состојби:

  • При планирање на бременост или IVF;
  • Пред операција на органи од репродуктивниот систем;
  • Хронични и акутни патолошки состојби;
  • Потешкотија во одредувањето на соодветен метод за терапија;
  • Следење на ефективноста на терапијата и динамиката на инфекцијата- нешто што конвенционалните методи не го дозволуваат;
  • Диференцијација на различни болести со слични симптоми;
  • Кај жени со проблеми со фертилност, историја на абортуси.

Превентивно тестирање и тестирање за време на бременост

Анализата многу често се спроведува и превентивно, со цел навремена детекција и одржување нормална микробиоценоза, затоа што истата е динамичен систем на којшто влијаат возраста, сексуалната активност, хормоналниот статус, терапија со антибиотици и различни патолошки состојби кај жената.

Многу често редовните микробиолошки брисеви можат да покажат чиста микрофлора, но внатрешно да постојат недетектирани скриени микроорганизми кои можат да предизвикаат проблем. Токму затоа оваа анализа се спроведува и кај пациентки со чисти брисеви, а сепак детектирани проблеми со вагинални инфекции.

Што се однесува до примена на оваа метода за време на бременост или планирање на истата, анализата на вагиналната микрофлора при бременост е многу важна, затоа што од мајката зависи каква ќе биде микрофлората на бебето.

Микроорганизмите во родилниот канал и вагина кај мајката се база на идната микробиоценоза која ќе се формира кај детето. Промените во микробиоценозата можат да бидат опасни и за мајката и за детето, па затоа неопходно е познавањето на нејзината детална состојба.

Femoflor screen PCR анализата се изработува во молекуларниот оддел во рамки на Генеа лабораторија достапна по промотивна цена од 4.850 денари.

Повеќе информации и консултации со наше стручно лице на 023220 505 или на 078 26 22 20.